Денес (21.02.2022) во 12:00 часот во Центар за култура „АСНОМ“ – Гостивар (мала сцена) – по повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ организира трибина „Мајчиниот јазик е идентитет“, каде што свое обраќање ќе имаат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

На трибината ќе се обратат и:

– Проф. д-р. Михајло Марковиќ, катедра за македонски јазик, Филолошки факултет, државен универзитет во Тетово;

– Проф. д-р. Агим Пољоска, катедра за албански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;

– Проф. д-р. Махмут Челик, катедра за турски јазик и книжевност, Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип;

– Модератор – Зоран Љутков, актер, член на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Настанот можете да го следите во живо на линкот во продолжение: