Денот на прославата на албанското знаме се уште ја бранува македонската јавност, а очигледно дека целта не била само прослава, туку и провокација со обид за дестабилизација и добро осмислено сценарио.

По вчерашниот повик на соживот од верските лидери, Тошковски на новинарско прашање одговори дека во Македонија мора да има меѓуетничка толеранција, а потсети и што предупредуваше тој со премиерот.

Немаме опасност да се повтори 2001 година. Нема да дозволиме да се случи нешто такво. За жал, тоа што го говореше премиерот, претседателката, јас, за обидите за меѓунационален немир повторно ги гледаме на површина. За наша среќа гледаме дека нивните обиди се неуспешни и безбедносниот систем во Македонија одговара соодветно на сите предизвици дадоа поддршка за меѓунационална толеранција и трпеливост.

Првиот човек на МВР објасни од повеќе причини зошто станува збор за обид за дестабилизација.

МВР има капацитет да одговори на ваквите предизвици, тоа го покажавме на дело. Ќе објаснам на повеќе причини и зошто сум длабоко убеден дека станува збор за сценарио. Ниту еден од привидените, ниту ден, ниту повеќе денови по приведување не е постар од 20 и неколку години. Постојат индиции дека ова не е случајно настанато. Млади луѓе кои не се во зрели години, насочени се да сторат нешто кое не е добро. Многу е полесно да насочиш млад човек кој нема фамилија да стори нешто такво.

Тошковски вели дека многумина очекуваа да употреби МВР прекумерно сила, но дека неуспешно било тоа. МВР се справи професионално со настаните.

Факт е дека БЈБ одоговри максимално разумно. Моежби очекуваа да употребиме прекумерна сила, специјалци ќе донесеме, хермалин и ќе предизвикаме реакција. Будно набљудувавме состојба и соодветно реагиравме. Лишени се од слобода сите за кои имаме индиции дека сториле кривично дело. Фатени се оние кои го кинат знамето, а за некои случаи постапено е отпосле.

Гостувањето на Тошковски може да го погледнете во продолжение или пак да го слушате на нашата радио фреквенција 98,1 ФМ: