Бараат исполнување на нивните барања и финансиска помош за компаниите. Велат, поради пандемијата со коронавирусот, компаниите им се пред колапс, а дел од нив и ги затвориле.

Конкретни во своите барања, бараат помош и мерки од државата, бидејќи во спротивно како што велат голем број лица ќе останат без работа поради неможност за исплата на платите и покривање на останатите тековни трошоци.