Германската војска спроведе обемна тридневна воена вежба под кодно име „Red Storm Charlie“ на подрачјето на Хамбург. Во рамките на активностите беше симулирано вонредно кризно и воено сценарио на сојузничката територија.
Мерките беа насочени кон тестирање на тајните планови за масовно прифаќање и брз транзит на сојузничките трупи кон источното крило на Северноатлантската алијанса.
Во симулацијата учествуваа вкупно 1.700 лица, меѓу кои околу 500 припадници на германскиот Бундесвер. Маневрите беа координирани заедно со полициските сили, противпожарните и спасувачките бригади, државните институции и цивилниот логистички сектор со цел проверка на подготвеноста на целата земја во случај на директен конфликт.
