Полските вооружени сили објавија дека вчера започнаа воените вежби во кои учествуваат илјадници војници на НАТО. Станува збор за редовни вежби кои имаат за цел да ја подобрат безбедноста на источното крило на Алијансата, но годинава се одржуваат во време кога во соседството беснее руската инвазија на Украина. Поради овие околности, полската армија апелираше до јавноста да не објавува информации или слики за колоните воени возила кои се очекува да се движат низ земјата во наредните недели.
Британија и нејзините сојузници во северна Европа најавија воени вежби на Балтикот
Министерството предупреди дека „непромислената активност“ може да ја оштети безбедноста на Алијансата. „Внимаваме на опасностите“, се вели во соопштението. Армијата објави дека 18.000 војници од повеќе од 20 земји ќе учествуваат во вежбите „Бранител на Европа 2022“ и „Брз одговор 2022“, кои се одржуваат во Полска и уште осум земји од источното крило на НАТО. Вежбите треба да траат од 1 до 27 мај.