Цените на нафтата паднаа поради многу слабата трговија во Азија денеска, бидејќи загриженоста за забавувањето на економскиот раст на Кина, најголемиот светски увозник на нафта, го потисна стравот на пазарните играчи од можно посилно нарушување на снабдувањето поради најавената забрана за увоз на руска нафта во Европската Унија.

Европската нафта од типот „брент“ за испорака во јуни (фјучерси) падна за 1,21 долар или 1,1 отсто, на 105,93 долари за барел на тргувањето во 02:05 часот по средноевропско време, додека фјучерсите на американската нафта ВТИ паднаа за 99 центи или 1,0 отсто, на 103,70 долари за барел, пренесе Ројтерс.

Берзите во многу азиски земји, вклучително и Јапонија, Индија и други, и денеска се затворени поради првомајските празници.