Кинеските вооружени сили одржуваат воени вежби во близина на островот Тајван, мерки спроведени како предупредување до САД, соопшти воената команда на Источната зона на кинеската армија.
-Воената команда на Источната зона на Кинеската армија организираше заеднички патроли на борбена готовност и воени вежби во поморскиот и воздушниот простор околу островот Тајван, се наведува во соопштението на Источната команда.
Истовремено се додава дека тоа е „сериозно предупредување со оглед на неодамнешните активности меѓу САД и Тајван“.
Во документот се нагласува дека Тајван е дел од Кина, а кинеската армија има капацитет и е одлучна да спречи мешање надворешни сили, како и секаков обид на сепаратистичките сили да организираат „независност на Тајван“.