САД ќе ја поддржуваат Украина „колку што ќе биде потребно“. Ова го кажа американскиот претседател Џо Бајден. Ова е и тоа што го пишува во завршното соопштение од последниот состанок на врвот на НАТО. А тоа е и ветување на германскиот канцелар Олаф Шолц. Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври нова меѓународна криза го зафати вниманието на светот. И ги одвлекува силата и вниманието на земјите што особено интензивно ја поддржуваат Украина, на пример на САД, пишува Дојче веле.
вели: „Се разбира дека таквото оружје прави разлика на теренот, дека „оружјето за надмоќ во воздухот и прецизното оружје како „таурус“ во доволни количества не очекувам дека тоа би можело да ја промени стратегиската констелација.“ „Русија има надмоќ во оваа војна на исцрпување и е во состојба да изврши огромен притисок врз Украина, смета тој. Но Кајсеветер, од друга страна, е убеден дека „оружјето за надмоќ во воздухот и прецизното оружје како „таурус“ во доволни количества би можеле да бидат пресвртница“ во војната во Украина.
Во меѓувреме, Кремљ игра на факторот на времето и се надева дека Доналд Трамп повторно ќе победи на изборите во 2024 година и ќе ја оконча поддршката на САД на Украина. Дали во тој случај Европејците ќе ја пополнат дупката оставена од Американците? „Тоа едноставно не е можно во такви размери“, вели Ворвик, истакнувајќи дека само САД обезбедија речиси 50 милијарди евра воена помош, а Германија, како втор најважен помагач и донатор, даде околу дванаесет милијарди. „Ако Американците престанат или масовно ја намалат својата поддршка, тогаш Украина ќе има проблем кој Европејците нема да можат да го решат.” Ова го призна и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.
Западните политичари под притисок
Заморот од војната што се чувствува на Западот создава притисок на западните политичари да бараат окончување на војната преку преговори. Ворвик смета дека таквиот развој на ситуацијата е неизбежен. Притоа би морало да се преговара за „територијални промени“ во Украина, но и за „неутралност“ на оваа земја, истакнува овој политиколог. И додава дека сето тоа треба да се решава на преговарачка маса – што побрзо, тоа подобро.
Од друга страна, политичарот на ЦДУ Родерих Кајсеветер верува во воена победа на Украина со помош на оружјето од Западот, така што, според негово мислење, стратегијата мора да гласи: „Испорачајте сè што можете и тоа што побргу. Двоумењето се плаќа со животи и ја зголемува опасноста од победа на Русија и распад на Украина. А сето тоа е наша заедничка одговорност“.
Според мислењето на Роман Гончаренко од украинската програма на Дојче веле, решението засновано на формулата „откажување од територии во замена за мир“ не би имало шанса да биде прифатено во Украина: „Премногу нешта се случија, страдањата се преголеми. Тоа за Русија би било награда“.