Швајцарската народна партија (СВП) води убедливо на денешните парламентарни избори во земјата, објавија странските агенции, повикувајќи се на резултатите од првите прогнози.

Тие им даваат прво место на десничарските популисти на СВП со 29 отсто од гласовите. Втора со 17,2 отсто е Социјалдемократската партија на Швајцарија.

СВП и Социјалдемократите се првата и втората политичка сила во Долниот дом на швајцарскиот Парламент, соодветно. Десничарските популисти го зголемија својот резултат за 3,4 отсто во споредба со претходните избори пред четири години, а левиот центар за 0,4 отсто.

Од друга страна, двете еколошки партии во Швајцарија губат позиции, покажуваат првите прогнозирани резултати.