Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе големи загуби, бидејќи иранските ракетни напади низ регионот на Персискиот Залив предизвикаа економска неизвесност по избувнувањето на војната предводена од САД и Израел против Иран кон крајот на минатиот месец, објави Анадолу.

Индексот на недвижности на финансискиот пазар во Дубаи (DFMREI) падна за околу 30 проценти од 28 февруари.

Индексот, кој изнесуваше 16.140 на 28 февруари, падна на околу 11.500 до затворањето на тргувањето во петокот, што е најниско ниво од април 2025 година.

Напади и ескалација

Непријателствата ескалираа откако Израел и САД започнаа заеднички напади врз Иран на 28 февруари, при што загинаа околу 1.200 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи. Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети, насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив кои се домаќини на американски воени средства.

Порано оваа недела, американската Ситибанк одлучи привремено да ги затвори своите филијали во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).