– Според анализите од МАНУ кај војникот детектиран е нигериски сој на вирусот, а не јужноафрикански, иако има сличности меѓу двата соеви, не станува збор за ист сој. Нигерискиот сој исто така е чест во афричките земји, се наведува во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека инфекцијата кај пациентот е во поодомината фаза и оти тој веќе е во фаза на оздравување.