Осомничениот, ученик во 10-то одделение во училиштето, бил уапсен без отпор откако испукал 15 до 20 куршуми од полуавтоматски пиштол, рече заменик шерифот Мајкл Мекејб.

До ова дојде во училиштето во Оксфорд, Мичиген, на околу 65 километри северно од Детроит. Двајца од ранетите биле оперирани, а шестмина се во стабилна состојба, додаде тој.

Мотивот на напаѓачот не е познат.