Нападот почнал во неделата вечерта кога напаѓачите пукале во чуварите, а во размената на оган загинале еден чувар и девет затвореници, потврдија од управата на затворот, потсетувајќи дека ова е четврти ваков напад годинава, пренесува Ројтерс.
Никој веднаш не ја презеде одговорноста за нападот во главниот град во сојузната држава Плато, кој се наоѓа на истокот на централна Нигерија, јужно од земјите каде што вршат рации на банди и исламски екстремисти.
-Некои од напаѓачите и вкупно 262 затвореници избегаа пред да пристигнат безбедносните служби, се вели во официјалното соопштение, во кое се додава дека десет затвореници се заробени.
Минатиот месец вооружени напаѓачи нападнаа затвор во државата Ојо, западно од државата Плато, и ослободија повеќе од 800 затвореници.