​ Вооружен маж синоќа уби две и рани уште четири лица во областа Далас-Форт Ворт во Тексас, од кои тројца полицајци и потоа си го одзеде животот, соопшти полицијата во Тексас.

Портпаролот на полицијата во Халтом Сити, Мет Спилен, потврди дека сите ранети во престрелката се здобиле со повреди кои не се опасни по живот и се очекува нивно успешно закрепнување, пренесуваат американските медиуми.

Едниот полицаец бил застрелан во двете нозе, а другите двајца во рака, додека осомничениот починал од прострелна рана што самиот си ја нанел.

Портпаролот Спилен рече дека тексашки ренџери, елитни полициски сили во државата, ќе ја преземат истрагата и потврди дека мотивот за пукањето засега е нејасен.

-Нашиот главен фокус е да откриеме како и зошто сето ова се случи, рече Спилен.

Настраданата жена била пронајдена мртва во куќата, а мажот е пронајден мртов пред куќата, изјави претставник на полицијата.