Таа кажа дека четворица мигранти утринавата, околу 5 часот, биле на пругата кај Сен Жан де Луз, кога биле прегазени од воз што сообраќал кон Бордо.

– Тројца од нив веднаш им подлегнаа на повредите, додека четвртиот е тешко повреден,Не е јасно зошто мигрантите лежеле на шините, рече таа.

Двајца од мигрантите биле од Алжир, а не е познато од каде се другите двајца.

Градоначалникот на блискиот град Сабур, Енеко Алдана-Дуат, за телевизијата БФМ изјави дека областа долж границата со Шпанија е порта за имигрантите.