Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, пренесува Плусинфо повикувајќи се на извори од Македонски Железници-Транспорт.
Како што дознава сајтот станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.
– Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица, изјавиле од Македонски Железници-Транспорт.
Од МВР се уште нема официјално известување за овој настан.