Францускиот претседател Емануел Макрон упати апел до сите сојузници на Украина да преземат сѐ што е во нивна моќ за итно да ѝ обезбедат на земјата современи средства за воздушна одбрана. Тој побара конкретна акција од меѓународните партнери за заштита на цивилното население.
Истовремено, Макрон инсистираше прашањето за полноправно пристапување на Украина во НАТО алијансата повторно да се врати високо на дипломатскиот дневен ред.
„Апсолутен приоритет е распоредувањето нови противракетни системи и нови пресретнувачи. Секој што има можност да обезбеди средства за одбрана и заштита на украинските граѓани мора веднаш да го стори тоа“, рече Макрон.
Неговото обраќање беше одржано во Берлин, каде што се собраа претставници на сојузниците на Киев, вклучително и високи дипломатски пратеници на претседателот Доналд Трамп.
„Со оглед на максималистичката природа на руската позиција, верувам дека мора повторно да го поставиме прашањето за пристапување на Украина во НАТО. Денес се поставува прашањето, вклучително и за нас Европејците, што ќе се случи утре?“, изјави Макрон.
