Две лица загинаа, а неколку други се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопат во Германија предизвикана од жена што возела во спротивна насока. Несреќата се случила на автопатот А45 североисточно од Франкфурт. Трите деца на 34-годишната жена возач од Баварија се во критична состојба, соопшти полицијата.

Жената влегла на автопатот во погрешна насока на раскрсница во Флорштат и се судрила со голема брзина со автомобил управуван од 70-годишен маж. Мажот починал на местото на настанот, додека жената возач им подлегнала на повредите во болница кратко време по несреќата.

Нејзиниот сопруг и нивните три деца, на возраст меѓу 10 и 15 години, се тешко повредени. Судирот ги заробил сите во нивните возила и морало да бидат извлечени, соопшти полицијата.

Некои од повредените биле префрлени со хеликоптер во болница. Јавното обвинителство побарало од експерти да ја утврдат точната причина за несреќата.