Возачите кои алармираа за ваквата појава предупредуваат:

-Ваквата состојба е најизразена после селото Очипала, додека слична е ситуацијата и на други места во правец Делчево – Баткова чешма – М.Каменица. Апел до сите кои тргнуваат на пат да внимаваат на овој патен правец

Со апел за внимателно возење излегоа и од подружницата на ЈП „Македонија пат” од каде велат дека нивни екипи благовремено реагираат на местата каде се забележани ваквите појави.

Поради дождот сообраќајот на овој патен правец се одвива по влажни коловози.