Фотографиите доцна синоќа беа споделени на фејсбук-страницата на здружението Шепасти Ентузијасти.

Вознемирувачката содржина е објавена на овој линк.

– Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај! Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе. Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?, се вели во објавата на здружението.

Од таму порачуваат дека случајот ќе биде пријавен во МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и исто така ги повикуваат граѓаните да им пријават доколку имаат дополнителни информации околу овој грозоморен настан.