Убиство на Чарли Кирк предизвика шок во САД

Конзервативниот активист и сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, Чарли Кирк (31), беше застрелан за време на говор на Универзитетот Јута Вали. Напаѓачот, облечен во темна облека, од покрив испукал еден истрел кој го погодил Кирк во каротидната артерија. Настанот се случи пред околу 3.000 присутни, а семејството на Кирк било на местото, но не е повредено.

Сепак, останува прашањето: Дали е забележан е напаѓачот на Кирк?

Излегоа и други видеа.

Очевидци и вознемирувачки снимки

Очевидци опишуваат како Кирк ја кренал раката додека од неговиот врат бликала крв, пред обезбедувањето да го однесе во болница каде бил прогласен за мртов. Студентот Портер Лафебер, кој бил на само 15 метри од Кирк, сведочи дека луѓето панично се криеле во објектите околу местото. Снимки на социјалните мрежи ја прикажуваат драмата, а дел од нив го прикажуваат и напаѓачот како бега по кровот.

Каде избегал напаѓачот?

Реакции и истрага

Американските власти интензивно трагаат по напаѓачот, чииот идентитет сè уште не е познат. Би-Би-Си Верифај анализираше дел од снимките, но официјална потврда нема. Доналд Трамп изјави дека ова е „црн ден за Америка“. Настанот ја зголеми вознемиреноста во земјата околу политичките поделби и безбедносните ризици.