Мексиканскиот инфлуенсер Сезар Гастелум беше застрелан и убиен додека пренесуваше во живо настан на кој бил со пријатели пред ресторан за брза храна во градот Кулијакан, на северот од земјата.

Гастелум имаше речиси 600.000 следбеници на ТикТок и беше познат по своите комични видеа.  Додека го емитуваше своето обраќање во живо пред ресторан за брза храна во мексиканската држава Синалоа, со мотоцикл му се приближија две лица со кациги, а возачот го застрела со пиштол во главата.

Убиството на инфлуенсерот се случи во екот на постојан пораст на насилството во Кулијакан, главниот град на Синалоа, кој е во центарот на конфликт меѓу сопернички фракции на организиран криминал кои се борат за контрола на областа.