ДУИ и нејзините сателити постојано ја понижуваат албанската култура, а најновиот пример за ова понижување е Ансамблот на албански песни и ора во Македонија со директорот на оваа институција, Шкодран Толај, кој како единствено достигнување во својата кариера има фактот дека е личен пејач на Али Ахмети.
Сведоштвата на вработените во Ансамблот на албански песни и ора се скандалозни и ужасни. Коалицијата ВРЕДИ ја поздравува храброста и одважноста на овие вработени кои јавно ги открија „гревовите“ на пејачот на Али Ахмети, Шкодран Толај, велат од ВРЕДИ.
Оваа личност, наместо да се занимава со напредокот на културата, се занимавал со се’ друго освен со својата примарна должност, што е емблематично за партијата која ја водеше владата веќе 22 години со непрофесионални кадри. Наместо да го реши статусот на вработените, тој избра да ги остави во неизвесност и да ги деградира, покажувајќи ароганција и недостиг на одговорност.
34-те вработени во Ансамблот за албански песни и ора, кои останаа без работа, велат дека во ниту еден момент не биле известени за отпуштањето, а во минатото имале и притисоци. Тие сакаат да се вратат на работа, откако им беа раскинати пет годишните договори.
Бараме заложба од Министерството за култура и финансии како и од Владата, за што поскоро да се вратиме на работа и ние како уметници да не бидеме принудени да шетаме по улиците протестирајќи пред надлежните институции. Ја повикуваме актуелната политика да не биде рамнодушна кон нашиот проблем-вели Вулнет Незири.
Повеќе од една недела овие уметници се без работа, додека според нивниот директор Шкодран Толај тоа не можело да се спречи бидејќи новата Влада не дозволила да се отворат конкурси.
Покрај ова, уметниците велат дека имале различни притисоци и од директорот Шкодран Толај. Јетмир Реџепи вели дека иако со стент на срцето, директорот го принудил да оди на работа во текот на летото.
Му реков дека не можам да дојдам, премногу беше топло, ме принуди да дојдам на работа и еве ги моите колеги, паднав на бина, ме однесоа во болница, останав 10 дена и не добив никаков надомест, вели Јетмир Реџепи.
Додека Фатон Џони, еден од повредените на работа, изјавува дека Толај дал изјава во полиција, велејќи дека вработениот бил повреден за време на паузата.
Никој од организаторите или кој е одговорен за нас не се погрижи да ме однесе во болница, повреден и сам отидов во болница со помош на некои колеги. Ги испратил колегите да потпишат дека сум се повредил надвор од работното време, рече Џони.
Толај во објава на Фејсбук се правдаше за обвинувањата за мобинг врз работниците.
Што се однесува до повредите на работа, има два случаи, но не како резултат на условите за работа, дури и лице додека си играло и се шегувало на пауза доживеало несреќа (истиот случај потоа се обидел да се искористи за медиумски прашања – немање услови)-изјави Шкодран Толај.
Но, никогаш не сум сакал да ги „удрам“ работниците по плата, никогаш не сум отпуштил никого од работа, а овој „мобинг“ треба да се пријави до надлежните органи.