ДУИ оди во историја, велат од коалицијата Вреди. Тие преку соопштение велат  дека Демократската унија за интеграција го чувствува својот крај. Затоа, како што велат, се обидуваат да шират страв и тензии.

ДУИ пред политички крах: План за бојкот на локалните избори, но нема спас од народниот суд, велат од ВРЕДИ

Во соопштението, Вреди наведува дека Албанците повеќе не веруваат во ДУИ и дека оваа партија станала синоним за измами и дезинформации.

Критики на Вреди за ДУИ и предупредување за дестабилизација

„Албанците веќе не се лажат. ДУИ мора да одговори: Што мисли НАТО за бојкотот на изборите и за политичката дестабилизација? Зошто ДУИ не ја кажува вистината?“, прашуваат од Вреди.

Според коалицијата, патот на кризата не е во интерес на Албанците, туку единствено на оние кои се обидуваат да се вратат на власт по секоја цена.

„Ниту една измама не може да ја скрие реалноста. Албанците одлучија: ДУИ оди во историјата. Албанците нема да дозволат една очајна група да ја држи нивната иднина во заложништво“, стои во соопштението на Вреди.

Извор: Мкд.мк