Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина до 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде од 12 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 33 степени.