Денеска времето ќе биде пременливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најмногу во претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне меѓу 10 и 16 степени.

Времето во Скопје

Во главниот град претпладне ќе биде променливо облачно со слаб дожд, а ветерот ќе биде умерен до повремено засилен од северен правец. Минималната температура ќе достигне до 10 степени, а максималната до 14 степени.

Следува краток период на стабилизација

Според метеоролозите, во среда и четврток се очекува претежно стабилно време, додека нови локални врнежи од дожд повторно ќе има во петок и за време на викендот.