Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала и локална облачност, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Оттаму велат дека ќе дува слаб и доумерен ветер од северен правец, а минималната тепература ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје, пак, ќе биде сончево и топло со слаб доумерен ветер.
„Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 28 степени“,велат од УХМР.
Оттаму информираат дека до почетокот на следната недела ќе се задржи сончево и топло време со мала локална облачност. Од следната среда се очекува промена на времето, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.