Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.
Утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 литри на квадратен метар, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.