Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда, кога ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините, особено во северните делови – со врнежи од снег.
Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, а од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето со утрински температури кои на повеќе места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.