Покраинската влада се залага за независност на Каталонија и сака во основните и средните училишта да се учи исклучиво на каталонски јазик, што е отфрлено од Високиот суд на Каталонија, кој нареди најмалку 25 отсто од часовите да се одржуваат на шпански јазик.

Каталонската влада поднесе жалба на одлуката, но шпанскиот Врховен суд вчера ја потврди пресудата на Високиот каталонски суд.

-Тоа е мешање во нашите внатрешни работи и непочитување на нашиот образовен систем, изјави каталонскиот премиер Пере Арагонес во Барселона.

Каталонија од 1978 година има статус на автономна покраина со своја влада, парламент и полиција, додека шпанската Влада раководи со надворешната, одбранбената и фискалната политика.

И шпанскиот и каталонскиот јазик се официјални јазици на Каталонија.