Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе поднесе оставка на 25 или 26 септември, веднаш по враќањето од Њујорк.
„Ќе поднесам оставка веднаш по враќањето од Њујорк. Тоа е тоа“, рече Вучиќ на денешната прес-конференција.
Тој најави дека по оставката ќе ја започне изборната кампања како „обичен граѓанин“, додавајќи дека сака да биде првиот претседател кој ќе направи таков чекор.
Српската напредна партија во меѓувреме го номинираше Вучиќ за носител на листата на Единствена Србија и за кандидат за премиер.
