Српскиот претседател Александар Вучиќ и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се сретнаа во Давос, каде што учествуваат на годишниот состанок на Светскиот економски форум.
Претседателот на Србија на својот Инстаграм профил објави фотографија со следнава опис:
„Многу коректен разговор за српско-хрватските односи. Верувам дека во периодот пред нас ќе успееме да напредуваме и на економски и на политички односи“.
Хрватскиот премиер по средбата со претседателот Вучиќ рече дека разговарале за билатералните односи и европскиот пат на земјите од Западен Балкан.
„За време на Светскиот економски форум во Давос, разговарав со претседателот на Србија, Вучиќ, за билатералните односи и европскиот пат на соседните земји. Заедно со политиката на дијалог и смирување на тензиите, неопходно е да се направат дополнителни напори за решавање на отворените прашања“, напиша Пленковиќ на Твитер.