Во последната епизода од документарецот „Фароу против Ален“ за мрачното минато на режисерот Вуди Ален, се говори и за неговото пријателство со контроверзниот бизнисмен Џефри Епстин кој беше обвинет за сексуална злоупотреба и трговија со деца, но се самоуби пред почетокот на судењето.
Мија Фароу, инаку поранешна девојка на Вуди, подолго време го обвинува за сексуална злоупотреба на нејзините посвоени ќерки. Во новата епизода, има изјави на Дилан – една од нив, нејзиниот брат Роман и од мајка им – Мија. Официјално, судско обвинение никогаш не беше покренато.
Сестрата на Вуди ја нарече документарната серија – „изделкана работа полна невистини и лаги“, во писмен допис.
Кирби Дик и Ејми Зиринг, одговорните за снимањето на филмот „Ален против Фароу“ смета оти режисерот не треба да се крие зад напишана изјава.
– Ако немавте што да криете, а тие навистина така злобно лажат против вас, зарем не би сакале да разговарате со новинарите? Од што се плашите?, изјави Зиринг за „Дејли бист“
По прекинот на врската со Мија, во 1997 година Вуди Ален се ожени со Сун-Ји – нејзина постара посвоена ќерка. Тие двајца одбија да учествуваат во документарецот, а ги отфрлаат и новите обвинувања од Мија Фароу.