Македонскиот претставник на „Евровизија“ Васил Гарванлиев преку видео се обрати до македонската јавност за да објасни зошто поседува бугарски пасош, но и зошто го промени видеоспотот по многуте реакции.

Јас сум музички амбасадор, а во музиката нема религија, политика, ориентација, раса или боја. Немав апсолутно никаква намера да повредам некого. Сосема спротивното! Јас сум толку горд на овој проект кој не само што ме отелотворува мене, туку и мојата земја и култура – музичари и уметници во галеријата. Не се извинувам за тоа што сум јас. Никогаш нема – немав избор во тоа. Како и да е, ако повредив некого на кој било начин, од дното на моето срце … жал ми е, вели Гарванлиев, додавајќи дека не се извинува за тоа што е тој.

Вели, пред вас стојам без глума, со моето срце во ваши раце.

Тој откри дека баба му е село близу Петрич во Бугарија, а бугарскиот пасош го има повеќе од 20 години. Тој не се кае што има бугарски пасош и вели дека тогаш го земале за безбедност и за подобра иднина.

Во описот на видеото тој им се заблагодарува на интернационалните фанови за поддршката и објаснува дека морал да го тргни видеото откако „работите тргнале поинаку во неговата прекрасна Македонија“.