Веселин Вујовиќ од денеска не е тренер на ракометарите на Вардар. По серијата порази во Лигата на шампионите, раководството на клубот одлучи да му даде отказ на Вујовиќ.
– Не сум повеќе тренер на Вардар. Тоа е најдобро за клубот во овој момент. Полесно е да си оди тренерот, отколку осум играчи – изјави Вујовиќ.
Вардарци пред мечот со Еурофарм Пелистер ги очекува натпреварот со Охрид од Суперлигата.
Вујовиќ го одработи третиот мандат на клупата на Вардар, но овој беше најкраток.