Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер радикално ги променија своите животи кога се преселиле во Австрија, каде живеат со синовите Лука и Леон. Откако успешните спортисти решија да ги сменат своите професии  и да се впуштат во некоја друга работа.

Парот добил одлична финансиска понуда, па се согласиле да рекламираат градинарски алат.

„Ана и Бастијан многу се повлекоа од јавниот живот. Се посветија на своите семејства, вложија пари во паметни, профитабилни бизниси, а неодамна во нив започнаа и досега непозната земјоделска гранка“, открил извор за Pink.rs и додал:

„Неодамна добија понуда од германска компанија која продава мебел, апарати за домаќинство, но и земјоделски алат. Тие станаа заштитно лице на бренд кој нуди огромен асортиман на градинарска опрема како што се секири, косилки и мотики. И двајцата се повлекоа од светот на спортот, па решија да заработуваат на различни начини, а дополнителен извор на приходи за нив се рекламите. Токму затоа се најдоа на насловната страница на каталогот на таа компанија, позирајќи со мотики во рацете“, вели гореспоменатиот извор.

Инаку, спортската двојка пред две години купила голем имот во подножјето на Алпите, каде уживаат во семејните моменти. Ана од време на време на социјалните мрежи објавува фотографии од нејзините патувања.