МВР денеска соопшти дека од нив, 38 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, се посочува,164 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 287 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.