Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република  Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 250 возачи.

– Од нив, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место, информираа од МВР.

Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потенцираа од Министерството.