Контроверзен екс советник на Заев ја води ПР стратегијата на СДС

Политичката комуникација на СДС, според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, е под силно надворешно влијание, водена од поранешниот советник на Зоран Заев, Зоран Башановиќ.

„ПР тимот на СДС и Филипче е под надзор на Башановиќ, а неговата улога е клучна во креирањето на соопштенијата и прес-конференциите“, се вели во соопштението.

Контроверзно минато и влијание врз политиките

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Башановиќ има контроверзно минато и е поврзан со матни бизниси од областа на енергетиката.

„Тој е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, апсен за крадење облека во САД и избркан од СНС поради сомнителни милионски договори“, се додава во соопштението.

Според партијата, Башановиќ имал функција на специјален советник во владата на Заев со плата од над 1.500 евра и бил близок сојузник на Заев во Грција.

„Преку него, ПР агенцијата ‘Ај медија’ и Милјан Шчекиќ креираат соопштенија и политички пораки на СДС, кои се користат за ширење лаги и манипулации“, стои во соопштението.

Влијание врз политичката агенда на СДС

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ставовите на СДС и Филипче кон Србија се резултат на надворешното влијание на овие лица.

„Граѓаните имаат право да знаат кој ги пишува соопштенијата, кој ја креира политиката и во чии интереси делува СДС“, се истакнува во соопштението.