Прво и основно секој од нас од човечки аспект ги подржува работниците и тука не треба да стане збор дали некој ги подржува или не ги подржува работниците. Каде настанува одреден проблем за кој што всушност и ние денеска дебатираме. Ако се сеќавате на 18 ноември имаше точка на дневен ред каде што беа предвидени субвенции за ЈСП Скопје, не сега овие субвенции од 700 милиони денари, него 110 милиони денари субвенции за јавното претпријатие, а тоа се оние пари кои што беа нели предвидени во буџетот и кои беа наводно резервирани. После три пати закажување на седници за дебатирање основното нешто што беше изнесено овде пред сите советници, и од страна на директорот, на раководството, од страна на претставникот на Град Скопје бидејќи градоначалничката не беше присутна кога се бараа тие субвенции и најчесто не е. Беше истакнато дека се бараат исклучително 110 милиони или 2 милиони евра за да се исплатат плати за ноември и декември 2023 за вработените во ЈСП Скопје. Оттаму кога дојдовме денеска на седница и се истакнува дека вработените не земале плата за декември месец и ги гледаме дека заедно дека се собрани пред вратата да штрајкуваат и да, ги поддржуваме, но останува прашањето зошто тие вработени немаат земено плата за декември кога советот изгласа субвенции за плата за ноември и декември, рече Малиша Станковиќ советникот од коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната вонредна седница и додаде:
-Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ претходно истакна дека не е тука адресата на која што тие вработени треба да се обратат, адресата е на друго место.
Станковиќ во текот на своето обраќање дека оваа точка не требало да биде на дневен ред затоа што претходно имало изгласано плата за месец ноември и декември.
-Каде завршија тие 110 милиони денари субвенции. Ние знаејќи дека веќе изгласана плата за ноември и декември, сметавме дека оваа точка не треба да биде дел од вонредна седница. Ако веќе сме дале пари за ноември и декември плата зошто тогаш ова би било вонредна точка? Ние сега сметаме дека со овие субвенции, така и е предвидено да бидат плата за јануари, февруари, март, кажа тој.
Станковиќ потсети дека и претходно се сомневал во искрените намери на раководството на Град Скопје .
-Јас тогаш од ова говорница зборував дека се сомневам во искрените намери на раководството, пред се на раководството во Град Скопје дека наменски ќе ги искористи овие средства кои после тоа ги гласавте. Се искористија ли наменски средствата, ако ги искористија наменски плата ќе имаше, заклучи тој.
На крај Станковиќ порача дека за да се реши проблемот со ЈСП потребно е реструктуирање кои би започнало најпрво со тоа што претседателката на Нова алтернатива да си даде оставка, потоа на сите пајташи кои ги донела и го заглавија градот.
-Ако сакате ЈСП Скопје да профункционира, вработените редовно да земаат плата, да тука се зборува за реструктуирање, најголемото реструктуирање би започнало и реално ако сакате, претседателката на Нова Алтернатива да го помогне ЈСП, сега е моментот да си даде оставка, поголема помош од тоа нема. Тука е првата причина и првата помош е тука, дајте си оставка и ќе помогнете, па позади тебе сите пајташи кои што ги имаш донесено и коишто го заглавија градот. После кога ќе завршиш со пајташите околу тебе, оставка и овие таканаречени „опозиционери“, кои се опозиција имаат по 2-3 директори на изгубени избори, порача Станковиќ.