Од вакциналниот пункт појаснуваат дека сертификатите за вакцинација ги издаваат матичните лекари, а дека ќе можат тоа да го прават и матичните стоматолози.
Со оглед на тоа што ова е регионален пунк, па и од други градови доаѓат лица, забележително е дека има паркирања на автомобили на места кои не се за тоа. Градоначалничката Петровска вели дека за ова разговарале со сообраќајната полиција и повика возачите да се паркираат на регуларните паркинг места во околината.