Тие ги споредуваат сателитските снимки од 2013 и сега од 2021 година, според кои како што велат Урбаниот парк пред осум години бил со површина од околу 9.050 квадратни метри, додека сега е сведен на само 5.100 квадрати.

– За осум години, речиси двојно е намалена површината на паркот. Тој е запуштен, претворен во паркинг. Не е доволно еднократно да се избркаат возилата паркирани во паркот, утре пак ќе дојдат. Треба столпчиња, треба обновување на урбаната опрема, навечер светло да се пушти, да озелени делот кој е оштетен – предлагаат центарци.

Од Општина Центар, која е надлежна за одржување на овој парк, велат дека се планира комплетна реконструкција на паркот.

– Што се однесува до паркирањето, заедно со Град Скопје, ЈП ПОЦ постојано се интервенира на тој потег – изјави градоначалникот на Општина Центар во заминување, Саша Богдановиќ, кој додаде дека се надева дека тој проект ќе биде продолжен и од новиот градоначалник Горан Герасимовски, бидејќи тоа е за доброто на граѓаните.