Ова е прва цивилна НАТО вежба во Македонија, којашто поради состојбата со пандемијата од ковид-19 истовремено ќе се одвива и теренски и штабно.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и на кампањи за лажни вести.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести. (Фото: Ѓ. Личовски)

– Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто покрај Република Северна Македонија учествуваат 27 земји, и е прва НАТО вежба во земјава од ваков размер. Вклученоста во НАТО вежбата претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на капацитетите преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации, велат од Центарот за управување со кризи.

Во склоп на вежбата ќе биде организиран дводневен научен симпозиум , со дискусија помеѓу високи претставници од НАТО, членките на НАТО, државите – партнери, меѓународни и невладини организации.