Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје санкционира 173 возачи, меѓу кои 42 за возење повеќе од дозволената брзина, 12 за возење без возачка дозвола, како и 17 возачи на мотоцикли.
Како што информира МВР, изречени се и осум санкции за користење мобилен телефон, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и 59 санкции за непрописно паркирани возила.
Од МВР најавуваат дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.