Според АМСМ, поради одрон на патот прекинат е сообраќајот на патниот правец Македонски Брод – Скопје кај селото Близанско за сите возила.

Патниот правец Р1402 село Мокрино – село Смолари во општина Ново Село, пак, е непрооден поради поплава.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места и со наместа остатоци од кашест снег. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.