Со почеток во 18:30 часот во паркот во населбата Аеродром во Скопје едночасовен заеднички концерт ќе одржат воените оркестри од Армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка “USAREUR-AF”.
Како што информираат од Генералштабот на Армијата, на концертот кој е дел од предвидените активности во пресрет на вежбата “Swift Response 22” посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе нумери со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки на пријателство и мир.
Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија како дел од армиската соработка, веќе традиционално секоја година одржува заеднички концерти со воените оркестри од армиите на НАТО.
Воениот оркестар на армијата на САД за Европа и Африка утре ќе има и самостоен настап на плоштадот во центарот на Скопје.