Како што соопшти владината Прес-слуќба, на средбата беше потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан и беше поздравено тоа што за Брисел и натаму проширувањето на Унијата со земјите од регионот останува стратешки приоритет, што се очекува да биде нотирано и во денешната декларација од Самитот.

д Владата информираа дека Заев денеска ќе има заедничка работна средба и со Радев, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Премиерот посебна билатерална средба ќе има со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика и беззедност, Жозеп Борел. На маргините на Самитот премиерот Заев ќе има билатерални средби и со неговите колеги од Естонија и Ирска, Каја Калас и Мајкл Марти.

Премиерот Заев за предводи делегацијата на Северна Македонија на Самитот во Брдо кај Крањ, во која, како што јави известувачот на МИА, се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.