– Попладнево им посакав добредојде на претседателот на Србија, Вучиќ и на премиерот на Албанија, Рама после што имавме заедничка прошетка по новиот скопски кеј, каде домаќин ни беше градоначалникот Шилегов. Разговаравме и со граѓаните во центарот на Скопје, како најава на Економскиот форум за регионална соработка кој првпат се одржува во Северна Македонија, како и за отворањето на нови перспективи за нашето поврзување, напиша премиерот Заев на својот фејсбук профил.

Балканот, пишува тој, е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите.

– Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи, напиша  Заев на Фејсбук.