Ова, како што посочува Заев, е ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите, борците и на цивилното население кое заедно со партизаните се бореа за секоја улица на нашиот град, и се сеќаваме на радоста на скопјани и на ослободителите на развиеното знаме на слободата на тогашниот Офицерски дом.

– Скопје памети многубројни закани и природни катастрофи, но градот секогаш повторно и повторно се кревал и закрепнувал и ги нижел своите победи. Победите на Скопје се неделиви од неговите скопјани чиј дух е запишан во бројни записи кои остануваат како сведоштва за взаемната љубов на градот и неговите граѓани, секогаш насочени кон подобра иднина на метрополата. Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, напиша Заев.