– И оваа година да се воздржиме од посета на црквите и манастирите и да ја упатиме благодарната молитва во нашите домови и во кругот на нашите семејства да го дочекаме светлиот ден – Воскресение, кога нашите срца ќе бидат преплавени со вечната светлина и надеж од веста за победата на животот над смртта, и со нова, обновувачка сила да извојуваме победа против искушенијата со вирусот, напиша на „Фејсбук“ Заев.
Ако сепак одлучите да одите во црква, вели Заев во пораката, послушајте ги препораките на свештенството и направете го тоа со најголемо внимание со придржување на мерките за заштита, заради себеси и заради другите.
Денешниот ден, Велики Петок, во пресрет на најголемиот православен христијански празник на победата на животот над…
Posted by Zoran Zaev on Friday, April 30, 2021
– Да ја чуваме надежта што ја носи со себе Велигден дека оваа кризна состојба ќе биде надмината и ќе се вратат деновите кога ќе можеме да се собереме во нашите храмови и заедно да се радуваме на Христовото Воскресение, порача премиерот.